Васоски знае како, децата на Вардар газат: Овие момци имаат карактер

Вардар има серија од шест првенствени победи и е лидер на табелата по 8 кола со 19 бодови, четири повеќе од ривалот што денеска го победија со 1:0.

По триумфот против Академија Пандев, тренерот Александар Васоски е задоволен, но и претпазлив пред дербито во Тетово на шести октомври.

„Овој Вардар има карактер и златни деца. Секако тука се и искусните Гачевски, Новак, Брдаровски… кои му даваат ритам на тимот, а помладите фудбалери ги следат со голема желба и борбеност. Направивме колектив во кој владее големо другарство, има одлилна атмосфера и тоа дава резултати. Задоволен сум од досегашниот тек на првенството, но не смееме да се вивнеме во облаци. Не чека тежок дуел со Шкендија во следното коло. Тие се како ранет лав и сега се најопасни. Имаат и ѕвезди во составот, ние сме млад тим и очекувам интересно дерби во следното коло“, вели Васоски за „Спорт Манија“.

Како играч беше одличен, а настапуваше и во силната Бундеслига за Ајнтрахт Франкфурт. Сега го користи и германското искуство и се наметнува како тренер што има светла перспектива и супер резултати со Вардар, кој му е прв клуб во тренерската кариера.

- Оглас -

Најнови вести