20.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Ватерполистите на Србија со гол во последната секунда изборија полуфинале (Видео)

Ватерполо репрезентацијата на Србија се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, со победа над Грција од 12:11, а одлучувачкиот гол го постигна капитенот Никола Јакшиќ во последната секунда од мечот.

Ова беше реприза на финалето од Игрите во Токио, кога исто така Србија излезе како победник против Грците и ја освои титулата олимписки шампион, која сега ја брани во Париз.

Србија сега го чека подобриот од дуелот меѓу САД и Австралија, за да го дознае името на противникот во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести