Лече ја оствари осмата победа во Серија А оваа сезона, многу важна, откако славеше на гости против Пиза со 1-2. Со овие три бода, Лече е над линијата за опстанок, а Пиза и официјално испадна од елитата.
Ламек Банда во 52-та минута го доведе Лече во водство, но само четири минути подоцна израмни Мехди Лерис.
Победничкиот гол за Лече беше дело на Валид Чедира во 65-тата минута од дуелот.

