ВБА се помири со експресно испаѓање од англиската елита

1102 ВБА – Саутхемптон (19ч)

Светците со триумф се враќаа од трите последни гостувања кај ВБА и имаат големи шанси да го сторат тоа по четврти пат во низа. Домаќините заостанаа во битката за опстанок и на седум меча до крајот на сезоната веќе се помирија со испаѓањето во Чемпионшип, ако се знае дека спасот од нив е далеку 11 бода.

Саутхемтпон во претходните пет гола претрпе три порази, но обезбеди и две победи, од кои една е од гостувањето кај Шефилд. Светците славеа само во четири гостувања од вкупно 15 досега во првенството, но со оглед на тоа дека ВБА има само две победи на домашен терен цела сезона, големи се шансите за тимот на Хазенхутл да си замине со цел плен од „Хавторнс“.

Предлог тип: X2 & 2+ (1.81)

 

1103 Брајтон – Евертон (21:15ч)

Евертон десеткуван гостува кај Брајтон во четвртиот обид да освои три бода кај Галебите, кои како домаќини против екипата од Мерсисајд издвоиле две победи и реми. Карамелите веќе три кола се без победа, по што го загубија чекорот со екипите пред нив во трката за топ 4 местата, а се чини дека тимот на Анчелоти и по вечерашното гостување ќе трага по прекин на лошата серија.

Во три од претходните пет меѓусебни дуели, Брајтон и Евертон играле дуели во кои имало четири или повеќе гола, што речиси ќе гарантира ефикасен дуел и сега, меѓутоа најдобро е да се избегнува типување на победник.

Предлог тип: ГГ3+ (2.50)

 

1351 Селта Виго – Севилја (21ч)

Речиси пет години поминаа од последниот лигашки триумф на Севилја против Селта во Виго, која во меѓувреме врза три домашни победи против Андалузијците. Иако Севилја не треба да стравува доколку испушти бодови вечерва, добро за нив би било да се продолжи со позитивната форма, која моментално е на три победи и реми.

Селта, за разлика од минатите сезони, сега не се бори за опстанок, па ќе игра доста порелаксирано, што може да биде добро за овој дуел да се комбинира со погодоци во типувањето. Иако само еден лигашки меч заврши со ГГ3+ од претходните пет на овие две екипи, изненадувањето на „Балаидос“ ќе биде доколку Селта и Севилја се потрпат на тактичко одмерување наместо да ги полнат мрежите.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.65)

 

1809 Хофенхајм – Баер Леверкузен (20:30ч)

Фактот што Хофенхајм е прилично десеткуван за овој дуел и го нема најдобриот поединец Иван Крамариќ, може да биде шанса за Леверкузен да се израмни со Дортмунд на петтата позиција во Бундеслигата. Сепак, Фармацевтите само еднаш триумфираа во последните пет гостувања кај Хофенхајм, а притоа трипати загубија, па нема да им биде лесно да остварат позитивен резултат.

Хофенхајм во овој меч ќе влезе со надеж дека ќе стави крај на трите врзани порази, но и фактот дека опстанокот уште не е загарантиран ако се знае дека оваа екипа има само четири бода предност во однос на тимовите кои се борат за опстанок.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.19)

 

3658 Беневенто – Сасуоло (20:45ч)

Беневенто полека ги губи стравовите за опстанок во елитата, а тоа значи дека против Сасуоло ќе игра речиси без товар. Прволигашкиот статус уште не е осигуран за идната сезона, но екипите под Беневенто заостануваат најмалку осум бода, па затоа оваа екипа може да атакува и на цел плен против Сасуоло.

Гостите не се во форма и загубија три меча во претходните пет кола во Серија А, но мотивирани се да го задржат перфектниот учинок на гостувањата кај Беневенто, ако се знае дека Сасуоло славеше со идентични 2-1 во претходните две меча против оваа екипа.

Целта на Беневенто е да стави крај на црната серија и по осум меча на домашен терен, конечно да слави.

Предлог тип: 1-3 гола (1.61)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести