Вчера беше Флик, денеска фаворит за наследник на Чави е Нагелсман кој со себе го носи најголемиот талент во Бундеслигата

Каталонските медиуми ја продолжуваат „потрагата“ по тренерот кој ќе ја предводи Барселона од следната сезона, а денеска фаворит им е актуелниот германски селектор, Јулијан Нагелсман.

Вчера медиумите објавија дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, имал средба со агентот Пини Захави, кој го застапува Ханси Флик, но денеска веќе имаат нов фаворит и повторно е Германец.

Според медиумите, Лапорта на клупата како наследник на Чави Ернандес сака да го види Нагелсман, за кого смета дека е идеален тренер за стилот на игра на Барселона.
Дел од медиумите одат толку далеку што шпекулираат дека двајцата веќе имаат преддоговор кој треба да биде официјализиран по завршување на Европското првенство поради обврските на Нагелсман со германската репрезентација.

Но, тоа не е сè бидејќи Нагелсман со себе на „Камп ноу“ треба да го донесе и најдобриот млад германски фудбалер, Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.

Дваесетгодишниот Вирц игра во неверојатна форма и е еден од најзаслужните за одличните игри на Баер Леверкузен кој се наоѓа пред освојување на титулата во Бундеслигата.

Според шпекулациите, за да дојде до трансфер на Вирц, Лапорта е подготвен налето да ги продаде Рафиња, кој одамна се наоѓа на трансфер-листата, како и Френки де Јонг.

- Оглас -

Најнови вести