Вчера квотата за победа на Ливерпул беше 9,75, денеска е само 1,20

По фарсата во Карабао купот, кога европскиот првак беше принуден на теренот да се појави со млади фудбалери бидејќи главните првотимци се во Доха, каде што ќе атакуваат на титулата на Светското клупско првенство, денеска е редот малку и да се израдуваат фановите на Црвените.

Синоќа Ливерпул загуби со 0-5 во дуелот против Астон вила, исходот можеше да се најави и со оглед на составот, затоа и квотата за победа беше дури 9,75. Но, денеска ситуацијата е драстично сменета, Ливерпул е голем фаворит против мексикански Монтереј. Овој состав што ќе игра против Монтереј е оној вистинскиот Ливерпул кој гази во Премиер лигата. Затоа денеска победата на Ливерпул во Sport Life се вредува со квота 1,20.

- Оглас -

Најнови вести