Вечер е финалето на Копа Судамерикана, а навивачите веќе срушија еден рекорд

Навивачите на Колон Санта Фе поставија еден необичен рекорд. На финалето во Копа Судамерикана во Парагвај, отпатуваа дури 32.000 фанови. Во борба за трофејот, Колон ќе игра против Индепенденте дел Вале од Еквадор. Ова е финале во турнир кој го има истиот примат како Лигата на Европа во организација на УЕФА, но се работи за натпреварување во Јужна Америка.

Досега во историјата на јужноамериканскиот фудбал не е забележѓан толку голем број на навивачи од тужа земја. Досегашниот рекорд го држеа симпатизерите на Расинг кои во финалето против Селтик на гостувањето во Монтевидео во Уругвај отпатуваа дури 25.000 навивачи, во 1967 година.

https://youtu.be/rHTBf6dJ__M

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести