Вечер во Атлетико Мадрид ќе навиваат за Наполи, а во Јувентус за Барселона

Реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Наполи ќе има значење и од аспект на пласман на Светското клупско првенство кое следното лето ќе се игра во САД.

Така на пример, во Атлетико Мадрид навиваат за Барселона да биде елиминирана од Наполи. Ако се случи тоа, Атлетико ќе игра на Светско клупско. Ако Барса оди понатаму, тогаш Атлетико не смее да си дозволи да испадне од Интер и нивната трка за второто место на Шпанија на Светското клупско првенство ќе продолжи.

Иста е ситуацијата во Италија. Јувентус чека Наполи да испадне во осминафиналето на ЛШ, што би значело место за Старата дама на првото Светско клупско во нов формат кое ќе се игра во 2025 година. Ако Наполи испадне од Барса, тогаш Јуве ќе биде учесник на клупското СП.

- Оглас -

Најнови вести