Ноќеска нема да има голови

ЦСА – Шапокоенсе (00:00 ч.)

Дуел на две екипи кои се во зоната за испаѓање. По 17 одиргани меча, ЦСА има 12 бода, а Шапокоенсе е на два бода плус од нив. Неверојатно е дека ЦСА досега постигнале само пет гола, односно секој трет меч се радуваат на еден погодок.

Шапекоенсе е екипата со најслаба одбрана, па тоа е шанса за домаќините да се израдуваат на гол. Кога играат на гости, Шапекоенсе има пет порази во осум меча, но сигурно и за нив овој меч е да се стигне до бодови.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.90)

 

Депортиво Толима – Хуила (00:45 ч.)

Толима лошо ја започна сезоната, но влезе во добра низа и има две победи и две реми во последните четири средби. Мечот против Хуила е одлична можност за нова радост бидејќи тоа е ривал кој е еден од најслабите во колумбиското првенство. Хуила во четири меча на гости даде само еден гол и тешко дека Толима ќе дозволи кикс на свој терен.

Овие ривали играа пред само една недела,а Толима победи со 1:0.

Предлог тип: 1-1 (2.15)

 

Америка Де Кали – Депортиво Кали (2:45 ч.)

Градско дерби на два тима кои ќе се борат за титулата. Америка има две победи и две реми на свој терен, а Депортиво на гости има само еден триумф во четири гостувања. На последните пет меѓусебни средби Америка има три победи, а Депортиво се радувал два пати.

Меѓусебните дуели покажуваат дека на 11 од последните 12 средби на овие два тима немало повеќе од два гола, што значи дека само еден момент може да биде решавачки.

Предлог тип: 0-1 (2.50)

 

Чарлестон – Инди Елевен (1:00 ч.)

Чарлестон е одличен домаќин и има само два порази во 12 средби пред свите фанови. Инди е тим кој не калкулира многу па на гости во 11 дуели има само едно реми и шест победи. Се работи за ефикансни клубови, па головите не треба да изостанат, а улогата на фаворит е за гостите.

Предлог тип: 1-3 I&1-3 II (1.67)

 

- Оглас -

Најнови вести