Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, во пресрет на новата сезона во германската Бундеслига откри кои трофеи сонува да ги освои. Кејн во кариерата има постигнато над 300 гола на официјални натпревари, но уште нема освоена титула.
„Мојата цел отсекогаш била да ги подобрувам, да ги развивам и да ги проширувам моите граници. Сакав да играм на највисоко ниво, да учествувам во Лигата на шампионите и да се борам за титули. Со преселбата во Баерн ги имав овие можности. Мојот сон е да ја освојам Бундеслигата и Лигата на шампионите со тимот. Би сакал да освојам голем турнир и со репрезентацијата. Мојата цел за сезоната е да освојам што повеќе титули“, вели 31-годишниот напаѓач.
Кејн двапати играше во финалето на англискиот Лига куп и еднаш во финалето на Лигата на шампионите со Тотенхем. Со репрезентацијата загуби две финалиња на ЕП, а со Баерн, клуб кој ретко има сезони без трофеј, минатата ја заврши токму така, без пехар.
Според квотите во Sport Life, Баварците се први фаворити за титулата во Германија, пред актуелниот првак Баер Леверкузен. За сите други клубови, квотите дека ќе бидат шампиони на Бундеслигата се двоцифрени или троцифрени.