Вечерва полна е белградската „Маракана“, а утре ќе „крцка“ и загрепскиот „Максимир“

Динамо Загреб информираше дека се продадени сите билети за утрешниот меч со Бодо/Глимт кои беа пуштени во слободна продажба. Клубот чии членови се Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе се бори за место во Лигата на шампионите и ќе има голема поддршка од трибините.

„Се гледаме на ‘Максимир’, заедно одиме во Лигата на шампионите“, порачаа Модрите.

На трибините ќе има место и за стотина норвешки фанови, источната трибина на „Максимир“ не е во функција, па вкупниот капацитет е 23.500 и Динамо ќе има поддршка од над 20 илјади навивачи, што би бил најпосетен меч на хрватскиот првак дома во последните три години. Последен пат над 20.000 луѓе на „Максимир“ имало кога гостуваше Манчестер сити. Тогаш имаше 29.395 навивачи.

Динамо загуби од Бодо со 0-1 на првиот меч.

- Оглас -

Најнови вести