Пелистер и Вардар одиграа без голови во регуларниот дел во последното четвртфинале во Купот на Македонија, па пеналите ќе одлучуваат која екипа ќе биде последниот полуфиналист и ќе им се приклучи на Македонија Ѓ.П., Силекс и Струга во битката за пехарот.
Во регуларниот дел, вечните ривали во македонскиот фудбал одиграа скромно и многу претпазливо, па голманите немаа многу работа.
Мечот се играше денеска, откако во првиот обид на први декември беше одложен поради снег.
Вардар со пет пехари е најтрофеен клуб во македонскиот куп, а Пелистер има две титули.