Веќе нема дилеми: Премиер лигата доби зелено светло за враќање во јуни

Секретарот за култура (Министерство за култура, медија и спорт), Оливер Доусен, откри дека денешниот состанок со Фудбалската асоцијација (ФА), Премиер лигата и Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) поминал позитивно и според планот. Во Англија беше донесена одлука да се направи рестартирање на првенството во Премиер лигата на 12 јуни без присуство на публика.

„Сите се договоривме дека ако постојат услови, првенството да продолжи, но се разбира дека здравјето на фудбалерите, тренерите и сите кои се дел од клубовите е на прво место. Сега фудбалските власти треба да се договорат за деталите и како ќе тече планот за одигрување на мечевите. Ова е добра волја првенството да заврши поради навивачите, фудбалската заедница, целата нација“, објасни Доусен.

Следниот чекор е претставниците на клубовите в понеделник да одржат состанок на кој ќе се разговара за постепено враќање на групните тренинзи.

- Оглас -

Најнови вести