Веќе никој не го сака: Балотели тренира со полуаматерски тим во четврта лига

Со пред само неколку години, големите клубови без проблем во своите редови би го донеле Марио Балотели, фудбалерот кој уште како тинејџер заигра за Интер. Балотели добро ја започна кариерата и по три години поминати во Интер, се пресели во Манчестер сити. И во дресот на Граѓаните остана три сезони, за потоа да одигра одлична сезона во Милан, па веднаш направи нов трансфер во Премиер лигата, овојпат во Ливерпул.

Сепак, по една година на „Енфилд роуд“, Балотели беше вратен во Милан и потоа тргна неговиот пад во кариерата. Иако тогаш имаше само 25 години и требаше да биде во најдобрите фудбалски години за да блесне, Балотели почна да паѓа. Во 2016 година потпиша за Ница, каде помина три сезони, а потоа играше за Олимпик Марсеј.

Минатата сезона го носеше дресот на Бреша, но по неколку расправии со челниците на клубот и покажана недисциплина, договорот на Балотели беше раскинат. По тоа заминување од Бреша, ниту еден клуб не се појави заинтересиран за да потпише со Балотели.

Знаејќи го неговиот проблематичен карактер, но и по очигледниот пад во формата, 30-годишниот Балотели сега може да тренира само со полуаматерскиот тим на Франчијакорта во Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести