Велешки бисер од старата школа на обложување – Нанижа 17 пара со кецови и двојки за ќар од 2.500 евра

Старата школа за обложување со тикет со конечен исход донесе одлична добивка во Велес, а со погодени 17 двојки со тип на единица или двојка, нето ќарот е 147 илјади денари, или околу 2.400 евра.

ШПАНСКО ОЛЕ ВО ТБИЛИСИ И ЖИРОНА ДОНЕСЕ УБАВА ДОБИВКА ОД 173.237 ДЕНАРИ

На тикетот има плус добивка од 8 отсто бонус со акцијата на Sport Life, а интересно е што добитникот одлучил да не додаде уште еден натпревар, со што добивката би била уште поголема, односно бонусот би бил 88 отсто, колку што е за одиграни и погодени 18 натпревари.

Но и вака е одлично со уплата од 100 денари до ќар од 173.237 денари во бруто-износ. Сите 17 натпревари што се нанижани на тикетот уплатен во Велес се играа во неделата, а како и секогаш, среќата мора да биде на ваша страна за да се дојде до убава добивка.

Овојпат Шпанците беа во елемент, а Дани Олмо со погодок во Тбилиси во 92-рата минута го продолжи „животот“ на тикетот уплатен во Велес, а драмата со среќен крај ја крунисаа на волшебен начин играчите на Жирона.

Мамаду Силја погоди во 92-рата минута за израмнување на 1:1 против Албасете, но и тоа не беше доволно за „кец“, за кој се погрижи Кристијан Стуани со нов погодок во 95-тата минута за чудесна завршница во Жирона, што донесе голема радост во Велес.

СЛАТКО Е И ВАКА, 45 МИНУТИ ИГРА, ДВАПАТИ ПО 2:1 ЗА 900 ЕВРА В ЏЕБ

Ден претходно во саботата во скопската населба Тафталиџе одигран е тикет само со два пара за добивка од 63.700 денари бруто. И двата дуели се со ист знак ГГ&3+I, или да има најмалку три гола во првото полувреме и притоа да се тресат мрежите и на домаќините и на гостите.

Подвигот го приреди Гибралтар, една од најслабите селекции во Европа со погодок во првиот дел против Црна Гора, а таман си дојдоа двата погодоци на фаворитите за резултат 2:1 на полувреме и фатен коефициент 12.25.

Уште подобра беше квотата за истата игра на квалификацискиот меч меѓу Русија и Словенија, или точно 13 во Sport Life, а и тука резултатот по првиот дел беше 2:1, со двата гола на Ѕјуба за домаќинот и еден на Иличиќ за гостите.

Уплатата е 400 денари, се чекаа голови за 45 минути плус судиско продолжение, а добивката во нето износ е околу 900 евра.

РЕНДГЕН ЗА КОШАРКА ВО ОХРИД ПОГОДУВАШЕ И КОНЕЧЕН ТИП И ГРАНИЦА НА ПОЕНИ, СО 30-КА СИ ЌАРИ НАД 60 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Кошаркарските натпревари се многу атрактивни во понудата за обложување на Sport Life, а Охрид има рендген за баскет. На тикет со 7 натпревари, исклучиво кошаркарски, погодени се комбинирани типови со конечен исход и граница на поени, со плус или минус.

Двете заедно комбинирано се една од најтешките игри во обложувањето бидејќи треба да се погоди победникот и прецизно да се процени дали натпреварите ќе бидат ефикасни или не.

Во Охрид навидум сложената мисија да се погоди таква комбинација испадна лесна задача, а миксот е со четири натпревари од Евролигата на УЛЕБ и три во Еврокупот, исто под капата на УЛЕБ.

Вкупниот погоден коефициент на тикетот уплатен во Охрид е 2087,36 и со скромна уплата само од 30 денари добивката е 62.621 денари во бруто-износ.

 

- Оглас -

Најнови вести