Велешки Борец во своите редови ќе има тандем Ибрахимовиќ-Зарате!

Велешката фудбалска гордост, клубот Борец, ги засили своите редови со Алекс Талески и Гонзало Зарате.

Талески е 21-годишен Македонец со австралиски пасош, а по две години се враќа во македонскиот фудбал, откако во сезоната 2018/19 настапуваше за Вардар, додека во Борец доаѓа од редовите на Данденонг сити. Тој со Борец потпиша двегодишен договор.

Освежување во офанзивата ќе биде и Гонзало Зарате, 26-годишен Аргентинец, кој игра на неколку позиции во нападот, а доаѓа од Атлетико Хувентуд. Ова значи дека тренерот Борче Христов на располагање ќе има двајца фудбалери со познати презимиња, Зарате и Ибрахимовиќ. Дресот на Борец го носи и младиот Џемал Ибрахимовиќ.

Претходно, во Велес се преселија Ристе Каракамишев (Силекс), Кристијан Николовски (Пелистер), Александар Ѓорѓиески (Охрид), Енсар Љума (Шкендија) и голманот Стефан Јакимовски (Кадино).

 

- Оглас -

Најнови вести