Велкоски ќе има нов тренер, Мусемиќ доби отказ во Сараево

Хусреф Мусемиќ доби отказ во Сараево и нашиот репрезентивец Крсте Велкоски ќе има нов тренер. По поразот од вечниот ривал Железничар во саботата со 1:3 раководството на Сараево одлучи да ѝ врачи отказ на легендата на босанскиот фудбал.

„Поради пад во играта, кој е евидентен на последните натпревари, се одлучивме за смена на тренерот. Му благодариме на Хусреф Мусемиќ, кој ни ја донесе двојната круна лани и му посакуваме успех во кариерата“, соопштија од ФК Сараево.

Лани со Мусемиќ Сараево по долг период апсолутно доминираше во БиХ и го освои и пехарот во националниот Куп и титулата во домашното првенство.

Велкоски по вторпат е во Сараево, откако играше за еден од најпознатите клубови на Балканот во периодот од 2014 до 2016 година, па се врати во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести