-0.2 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Велковски: „Покажавме карактер и заслужено победивме“

Македонија сè до последниот меч од групата имаше шанси да се пласира во следната фаза, односно помеѓу најдобрите 12 селекции во Европа, но и покрај нашата победа над Романија, Португалија славеше над домаќинот Данска и двете селекции продолжуваат во следната рунда.

Нашите ракометари имаа одлично отворање на натпреварот, но по многуте промашувања, како да паднавме, а на крајот се доведовме во ситуација да победиме со гол во последната секунда.

„Одигравме во наш стил, со силна одбрана и брза транзиција. Рано направивме разлика, која успеавме да ја одржуваме во текот на целото прво полувреме. Во вториот дел паднавме на притисокот, потфрливме во нападот, не се движеше топката како што е препознатливо за нас и на крајот се доведовме во проблематична ситуација, но на крајот нашиот карактер излезе на виделина и успеавме да победиме во последната секунда. Навреме излеговме од црната дупка, се стабилизиравме, на крајот игравме гол за гол и на крајот успеавме да дадеме гол за победа“, вели репрезентативецот Мартин Велковски.

- Оглас -

Најнови вести