Велковски ужива во прославата, Сараево парадира со титулата (видео)

Сараево е прогласен за шампион на БиХ откако фудбалската федерација на оваа земја пред неколку дена одлучи да ја откаже сезоната. Првенството заврши без да се доиграат преостанатите натпревари, а по 22 кола Сараево стоеше на врвот на табелата со 45 бода, три повеќе од Железничар.

Националната титула припадна на тимот по 12 пат во нивната историја, а денес во главниот град титулата се славеше со шампионска парада. Капитенот на екипата и наш интернационалец Крсте Велковски, уживаше во прославата украсена со присуството и песните на навивачите, а целото славје почна од стадионот „Кошево“ пред автобусот со играчите да се упати кон градот.

- Оглас -

Најнови вести