Велшките навивачи му пееја на Бејл: Велс, голф, Мадрид… (видео)

Репрезентацијата на Велс вчера славеше на гостувањето кај Азербејџан со 2-0 и ги одржа надежите за пласман на ЕП 2020. Герет Бејл се најде во стартниот состав иако изминатиов период отсуствуваше од тимот на Реал Мадрид поради наводна повреда.

Во Шпанија медиумите се прашуваа како тоа Бејл не игра за Реал, а за Велс е здрав и подготвен да помогне на тимот. Затоа, навивачите на Велс се потрудија со песна да испратат порака на сите што не им е јасно – кои се најважните работи за Бејл редоследно.

„Велс, голф, па Мадрид…“, пееја велшките навивачи додека Бејл ја поздрави нивната поддршка.

За составот на Рајан Гигс преостанува уште директната пресметка против Унгарија во битката за второто место во групата Е. Унгарија е втора со 12 бода по 7 меча, Вејлс има еден бод помалку.

- Оглас -

Најнови вести