Вембањама го одведе Сан Антонио до „мајсторка“ против шампионот

Сан Антонио спарс во ноќта кон четвртокот убедливо го совладаа Оклахома сити тандер со 118-91 и изборија седми натпревар во финалето на Западната конференција во НБА лигата.

Виктор Вембањама го предводеше домашниот тим со 28 поени, десет скокови и три блокади, додека Спарс реагираа по поразот од 127-114 во петтиот натпревар и го одиграа најенергичниот меч во серијата. „Мајсторката“ се игра во сабота навечер во Оклахома сити, а победникот во среда против Њујорк никс ќе го отвори големото НБА финале.

Покрај Вембањама, значаен придонес за Сан Антонио дадоа Дилан Харпер со 18 поени, Стефон Касл со 17, како и Девин Васел, кој постигна 12 поени и запиша две атрактивни блокади. На спротивната страна, Шеј Гилџес-Александер остана на 15 поени со шут 6/18, што беше премалку за актуелниот шампион.

Клучниот момент се случи во третата четвртина, кога Тандер осум минути не постигна ниту еден поен, а Спарс направија серија од 22-0 и поведоа со 92-64, на 56 секунди до крајот на периодот.

Вембањама беше клучен во сите три победи во серијата, а со новиот настап им се придружи на Дејвид Робинсон и Тим Данкан како единствени играчи во историјата на франшизата со пет натпревари од најмалку 25 поени и 10 скокови во едно плејоф-издание. Серијата остана цврста и неизвесна, а повратникот Џејлен Вилијамс, кој ја обнови повредата на задната ложа во вториот натпревар, за Оклахома постигна само еден поен за десет минути игра. Чет Холмгрен мечот го заврши со десет поени и 11 скокови.

- Оглас -

Најнови вести