Верати е лут: Јас веќе не ги разбирам фудбалските правила (Видео)

Марко Верати е лут и вели дека веќе не ги рзбира фудбалските правила, а неговата критика и коментар се за судијата Хезус Хил Манзано, кој не го исклучи Енцо Фернандес од Бенфика токму по старт над Верати.

„Јас веќе не го разбирам фудбалот, односно толкувањето на правилата. Сите различно постапуваат“, изјави играчот на Пари Сен Жермен.

Стартот на Фернандес навистина беше груб, а доби само жолт картон, иако Верати смета дека требаше да биде исклучен.

Мечот заврши нерешено 1:1, а двете екипи пак ќе играат на 11 октомври, овојпат во Париз, во четвртото коло во Х групата од Лигата на шампионите.
- Оглас -

Најнови вести