Верати нѐ респектира: Македонија заслужи да игра бараж, против нас го играат мечот на животот (Видео)

Марко Верати сигурно ќе биде стартер за Италија против Македонија во Палермо задутре од 20.45 часот, а со многу респект говори за нашата репрезентација.

„Македонија е заслужено во доигрувањето за настап на Светското првенство во Катар. Играат добар фудбал и мора да бидеме концентрирани. Немаат што да загубат, а ќе го играат мечот на животот. Секој има право да се надева на успех и нема да ни биде лесно. Мораме да внимаваме на нивните контранапади. Ние сме подготвени за предизвикот и нема да ги повториме грешките од двомечот со Шведска, кога бевме елиминирани во дополнителниот бараж за настап на претходниот Мундијал“, вели Верати.

Играчот од средниот ред на Италија очекува тежок, но и возбудлив дуел со Македонија.

„Нè очекува фантастичен меч. Македонија одлично се брани, и тоа многу ниско во простор. Ќе мора постојано да ги пристискаме и да најдеме формула да ги неутрализираме нивните контри. Италија е фаворит и ние очекуваме настап на Мундијалот во Катар, но никогаш предвреме не можете да бидете сигурни. Мораме со многу респект да одиграме против Македонија, која заслужено се проби до баражите“, додаде играчот на на Пари Сен Жермен.

Победникот од дуелот во Палермо ќе патува во Порто или Коња на мегдан на Португалија или Турција на 29 март, во финалниот бараж-меч за пласман на Светското првенство во Катар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести