Верати: Требаше да се бориме за светската титула, а доживеавме катастрофа

Марко Верати е една од многуте ѕвезди во тимот на Италија. Играчот на Пари Сен Жермен не може да се изначуди како се случи да бидат елиминирани од Македонија.

„Тешко е да се прифати ваков пораз. Доминиравме во текот на целиот меч и моравме да победиме. Едноставно, моравме. Требаше рано да постигнеме гол и да го однесеме мечот во мирна завршница. Бевме многу подобри, но тоа е фудбалот“, со неверување вели Верати.

Играчот за врска очекувал Италија лесно да ги помине квалификациите и во мислите му била борбата за светската титула, а се случи шок.

„Во фудбалот е многу важно да се биде прецизен и немилосрден. Ние не бевме такви. Ова е вистинска ноќна мора. Кога ќе го видите тимот со којшто располагаме, можеме да се бориме за светската титула, но наместо тоа, доживеавме катастрофа. Немавме среќа, но за неа мора и да се борите и треба да се запрашаме зошто беше така“, заврши разочараниот Верати.

- Оглас -

Најнови вести