Верба во домаќините носи тикет со солиден коефициент

Играчите на Спортска прогноза веруваат дека на денешните шест меча кои се дел од „Среќна 13-ка“, многу поголеми шанси за победа ќе имаат домаќините. Возбудувањата ќе започнат уште во 13:30 часот со мечот Шалке – Аугзбург. Ова е дуел на две екипи кои се веднаш над зоната за испаѓање. Шалке е со бод помалку од гостите и на „Ауф Шалке Арена“ мора да брка победа. Домаќините се осоколени и по победата во претходното коло против Борусија Дортмунд, па „кецот“ е сигурна варијанта кај дури 77 отсто од прогнозерите, a коефициентот е 1,85 во Sport Life обложувалниците. 

На дуелот Еибар – Бетис, дилемите се дали домаќините ќе победат или ќе биде нерешено. Само 25 отсто даваат шанси на гостите, па затоа најдобро да се игра на двојна шанса 1Х за коефициент 1,31.

Дербито е во Италија меѓу Лацио и Аталанта. Ова е меч на две екипи кои се борат за влез во Лигата на шампиони. Гостите се во подобра ситуација, но Лацио со победа ќе има реални шанси за да се надева дека ќе игра во елитната лига на Европа следната сезона. Сомнеж дека може Лацио да го „пушти“ мечот, фрли тренерот на Рома Клаудио Раниери, кој изјави дека се случувало порано „небесносините“ да одиграат „на штета на Рома“. Сепак прогнозерите до речиси 50 отсто веруваат во победа на римскиот тим на „Олимпико“. Коефициентот за единица е 2,30.

Кога се работи за меч од француската лига, веднаш асоцијацијата е дека може да е реми. Така е и за дуелот Тулуз – Рен, каде 40 отсто очекуваат „икс“, а  37 отсто се за победа на домаќините. За сигурна варијанта 1Х со коефициент 1,38.

Баер Леверкузен треба да го победи уморниот Ајнтрахт во дербито во Бундеслигата. Во „фармацевтите“ веруваат дури 63 отсто од прогнозерите, а Ајнтрахт кој треба да игра и реванш против Челзи следниот четврток нема што да бара во Леверкузен. Единицата е со коефициент 1,67.

Последен меч за денеска од понудата на Спортска прогноза е меѓу Лион и Лил. Кога игра дома, Лион е фаворит речиси на секој меч, па така е и сега. Дури 65 отсто од прогнозите се за победа на домаќините, а коефициентот за тоа е 1,65.

Вкупниот коефициент на овие шест меча е 21,19, што значи дека за 100 вложени денари, добивката е над 2.119 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести