Вердаско го тужи Ролан Гарос!

Шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско ќе го тужи раководството на Ролан Гарос за дисквалификацијата од гренслем-турнирот. Вердаско беше отстранет од првенството во пресрет на стартот бидејќи неговиот тестот за ковид-19 бил позитивен.

Вердаско верува дека резултатите се лажни бидејќи вирусот го прележа претходно во август, при што не покажал симптоми, а по позитивниот тест, Шпанецот допонително се тестирал уште неколкупати и сите резултати биле негативни. Според Вердаско, не му било овозможено да се тестира по вторпат од страна на организацијата за да се потврди дали навистина е позитивен на корона-вирус.

За едно шпанско радио Вердаско даде изјава дека не е сигурен дека ќе се појави на тениските терени оваа сезона бидејќи непрофесионалниот потег на Ролан Гарос ја загубил желбата да игра тенис.

- Оглас -

Најнови вести