Вердер елиминиран од третолигаш со гол примен од 60 метри

Фудбалерите на Вердер Бремен се елиминирани на стартот од германскиот Куп, откако изненадувачки загубија од третолигашот Оснабрик со 2:0. Вердер кој минатата сезона испадна од Бундеслигата, и во новата сезона започнува кошмарно, со елиминација на стартот од најмасовното натпреварување во земјата.

Трап со погодок во 45 минута го најави изненадувањето и го доведе храбриот домаќин во водство. Вердер во второто полувреме се обиде да израмни, но не успеа. Во последните моменти од мечот, гостите со сите сили нападнаа, а тоа го искористи Колер кој со шут од 60 метри успеа да ја погоди мрежата на некогашниот четиркратен германски првак и да го потврди триумфот на Оснабрик со 2:0.

 

 

- Оглас -

Најнови вести