Вердер ќе ја искористи лошата форма и „болницата“ во Аугсбург

1801 Вердер Бремен – Аугсбург (Бундеслига Германија, 20:30 часот)

Првиот меч од 6. коло во германската Бундеслига се игра во Бремен каде што Ведерер ќе го пречека Аугсбург.

Домаќините се наоѓаат во добра форма и по пед одиграни натпревар имаат осум освоени бодови, додека кај гостите, ситуацијата е различна.

Само три бода но и голем број со повредени фудбалери, а за оваа средба ќе им недостасуваат дури шест играчи.

Предлог тип: 1&2-6 (1.96)

8332 Словенија – Белгија (Евробаскет, 14:45 часот)

Словенците важат за апсолутен фаворит во овој осмина-финален меч, но Белгија никако не смее да се отпише, бидејќи пред неколку дена тие ја совладаа Шпанија.

Сепак, кога во своите редови се има „вонземјанецот“ Лука Дончиќ, тогаш јасно е кој ќе се радува на пласманот понатмау.

Но реално тешко е дека Словенците ќе тепаат со 18 поени разлика, а и да дојде до таква предност, со сигурност ќе дојде до опуштање, но и одмарање на најдобрите кошаркари.

Предлог тип: 2 со хендикеп, 17.5 поени (1.85)

 

1301 Џирона – Валјадолид (Ла Лига Шпанија, 21:00 часот)

Четири бода имаат и двете екии што и не е така лошо ако се знае дека примарната цел ќе биде опстанокот во оваа сезона.

Џирона на домашен терен има победа и пораз, додека Валјадолид е со еден освоен бод од две средби, па се чини дека најреален исход од оваа средба ќе биде нерешениот резултат. За тие што сакаат да одиграат на посигурна варијанта, тука е од нула до два погодоци за што во Sport Life има коефициент од 1.66, но на нам „екстремистите“ таа квота не ни е доволна.

Предлог тип: Х (3.15)

3141 Шибеник – Хајдук (ХНЛ 1 Хрватска, 20:00 часот)

Гостите мора да победат токолку сакаат да останат во каква-таква трка со Динамо Загреб кога станува збор за шампионската трка во Хрватска.

Иако е рано да се зборува, но Динамо игра навистина одлично и има дури десет бода предност, но и два натпревари повеќе во однос на Хајдук.

Шибеник, од друга страна од последните пет средби на домашен терен има дури четири ремија, додека Хајдук има четири едноподруго порази на гости, серија која што мора да биде прекината вечерва.

Предлог тип: 2-2 (2.30)

1702 Ленс – Троја (Лига 1 Франција, 21:00 часот)

Ленс минатата сезона беше едно од најпријатните изненадувања во Франција, а така се чини дека ќе биде и оваа.

По шест одиграни натпревари имаат четири победи и две ремија и со тоа најавуваат борба за место кое што носи во Лигата на шампионите. За да бидат еден чекор поблиску до тоа, потребна ќе им биде победа над Троја иако сè уште е рано да се каже за такво нешто.

Во последните две години овие екипи одиграле три меѓусебни средби, и на сите нив славел Ленс а интересно е што на две од нив паднале и четири погодоци (3:1, 4:0).

Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.40)

- Оглас -

Најнови вести