Тимо Вернер, напаѓачот на Челзи, не планира да си замине од Челзи. Германскиот репрезентативец во изјава за клупскиот сајт најави дека во новата сезона очекува да биде многу поефикасен и попродуктивен од тоа што беше лани. Вернер минатата сезона даде вкупно 12 погодоци, а асистираше за 15 голови на вкупно 52 меча во сите натпреварувања.
„Лично јас сакам да дадам повеќе погодоци од лани, кога немав баш најдобра сезона. Најважно ми е да му помогнам на тимот и да победуваме. Мило ми е што на трибините ќе се вратат навивачите затоа што секогаш е убаво да се слушне поддршка од трибините“, рече Вернер, кој најави дека очекува и во новата сезона навивачите на „Стемфорд бриџ“ да се радуваат на нови трофеи.
Првиот меч од новата сезона Челзи ќе го игра на 1 август, и тоа против Вилјареал во Суперкупот на Европа.