Верувале или не, мексикански боксер раскина договор од 365 милиони долари!

Мексиканскиот боксер Канело Алварес го раскина договорот со промотерската компанија „Голден бој промоушнс“ и тоа два месеца откако боксерот најави дека ќе ги тужи фирмата и стриминг платформата ДАЗН за непочитување на договорот и сега побара и доби раскин, но и отштета од 280 милиони долари.

Канело одработе само три борби откако во 2018 година потпиша фантастичен договор кој за 11 борби требаше да му донесе добивка од 365 милиони долари. Во тој момент кога го потпиша договорот со компанијата чиј челник е Оскар Де ла Хоја, тоа беше рекорден договор во историјата на спортот.

Канело од вчера е слободен агент, а неговиот тренер најави дека Мексиканецот ќе се бори до крајот на годинава, веројатно на 19-ти декември, против Кејлеб Плант кој е првак во ИБФ верзијата во суперсредна категорија. Канело не боксувал уште од 2 ноември 2019, кога во 11-та рунда го нокаутираше Сергеј Коваљев и ја освои титулата во ВБО во полутешка категорија.

- Оглас -

Најнови вести