5.8 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Верувале или не: Наградата за ферплеј на АКН му припадна на Мароко!

Додека целиот свет се чуди како може Мароко да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година по сето она што се случуваше на финалето од Африканскиот куп на нациите против Сенегал, следуваше нов шок од ЦАФ.

Титулата за ферплеј на неодамна завршениот Африкански куп му припадна на Мароко, репрезентација за која сите протестираа дека има голема помош од судиите, а тоа можеше да се види на дело и во големото финале.

Сепак, она што остава дамка се случувањата во финалето против Сенегал, кога буквално имаше бркотница околу теренот од „децата“ кои беа задолжени за фаќање на топки, притисоци, но и нереди на трибините, па и во оградениот дел од теренот.

Мароко и по 50 години не успеа да го освои посакуваниот трофеј од Африканскиот куп на нациитр, па ферплеј наградата можеби е утеха за загубеното финале.

- Оглас -

Најнови вести