Верувате ли во завери? Катар ќе го победи Еквадор со 1:0, голот ќе биде во второ полувреме!?

Светското првенство во Катар Уште не е започнато, а веќе неколку дена се шпекулира околу тоа дека домаќинот успеал да го „купи“ првиот меч против Еквадор за да победи. Познатиот новинар Ахџад Таха прв јавно напиша дека има гласини за купен меч и тоа првиот на Мундијалот меѓу Катар и Еквадор.

Шпекулациите се дека биле дадени 7,4 милиони долари за Катар да победи со 1:0 и тоа со гол постигнат во второто полувреме. Наводно, неколку различни извори од двете селекции ги потврдиле овие шпекулации, а од селекцијата на Катар веднаш ги демантираа.

Досега, во 92-годишната историја на Светските првенства немало скандал со наместен меч, па останува да видиме денеска дали можно е Катар да слави со 1:0 и доколку такво нешто се случи, колку би било веројатно тоа да биде наместено.

- Оглас -

Најнови вести