Верувате во чуда и репризи? Со Специјалниот сингл на Sport Life одиграјте ист тикет како лани со коефициент 96

Ако верувате во фудбалско чудо и реприза, со Специјалниот сингл на Sport Life денеска имате можност да одиграте комбинација со коефициент 96 на мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Баерн и Пари Сен Жермен.

Двомечот почнува вечерва во Минхен од 21 часот, а спомените од август лани не се толку далечни во финале на Лигата на шампионите што го доби Баерн со 1:0.

Тогаш Кингсли Коман го реши победникот и освојувачот на пехарот во Лигата на шампионите со гол во 59-тата минута.

Сега имате можност да одиграте иста комбинација, што значи Коман прв стрелец со коефициент 8.00 во Специјалниот сингл на Sport Life и првиот гол на мечот да биде постигнат во периодот од 51-вата до 60-тата минута за квота 12.

Со скромна уплата од само 20 денари тикетот носи добивка од 1.920 денари бруто во Sport Life.

 

Ова е само една навидум невозможна комбинација, но вреди да се проба, а има уште многу варијанти во Специјалниот сингл и за дуелот во Минхен, но и за тој во Шпанија, каде што Порто му е домаќин на Челзи на „Рамон Санчес Писхуан“ во Севилја во првите натпревари од двата осминафинални двомечи во Лигата на шампионите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести