Весел е Веселин Вујовиќ, мајсторски го водеше Иран до победа против Чилеанците

Ракометната легенда Веселин Вујовиќ на мајсторски начин ја предводеше селекцијата на Иран до победа од 25:24 против Чиле на Мундијалот во Полска и Шведска.

Иранците во премиерниот меч и за нив и за Чиле, водеа речиси во текот на целиот меч, но бркаа негатива од два гола во финишот и успеаја да се вратат во победнички ритам.

Триумфот на Иран може да биде и клучен за пласман во втората фаза на Мундијалот во Полска и Шведска бидејќи се во група со фаворитите Шведска и Црна Гора, а првите три репрезентации одат понатаму.

Словенија ја декласира Саудиска Арабија со 33:19 во вториот меч од Б групата, откако вчера Франција ја победи Полска со 26:24.

Проблеми немаше ниту Унгарија во премиерниот меч од Д групата и ја победи Јужна Кореја со 35:27.

Со победа на Мундијалот стартуваше и селекцијата на Зеленортските Острови, а лесно беше совладан Уругвај со 33:25.

- Оглас -

Најнови вести