Веселин Вујовиќ: Лазаров направи многу за македонскиот ракомет, РК Алкалоид е тоа што е потребно за Македонија

Еден од најдобрите ракометари во поранешна Југославија и долгогодишен тренер, Веселин Вујовиќ многу добро го познава македонскиот ракомет и секако неговиот збор и анализа има „тежина“. Вујовиќ е актуелен селектор на селекцијата на Катар, која како и македонската селекција, ќе биде дел од Светското првенство кое започнува утре.

Катар е во групата Ц, заедно со Франција, Австрија и Кувајт, а доколку успеат да се пласираат во втората фаза, ќе вкрстат со групата во која е Македонија. Вујовиќ во изјава за „Балкан-хендбал“ даде една кратка анализа за македонската репрезентација.

„Кире Лазаров направи многу за македонскиот ракомет. Децата од РК Алкалоид играат добар и модерен ракомет. Факт е дека ниту една репрезентација на светот не направила успех, ако немала квалитетен клуб. Македонија тоа го прави со РК Алкалоид. Дали е овој тој момент за нив? Не, ама ова ќе биде големо искуство за нив. Македонците сметаат дека ако се сретнеме во главната рунда тогаш ќе можат да го победат Катар. Исто размислуваат и во селекцијата на Катар, а тоа е дека може да ја победи Македонија“, вели Вујовиќ.

- Оглас -

Најнови вести