Веселин Вујовиќ: Михајло ми е пријател, не ја исклучувам можноста да се вратам во Вардар

Еден од најдобрите ракометари во историјата, Веселин Вујовиќ, ја остава отворена опцијата да се врати на клупата на македонскиот шампион Вардар. Популарниот Вујо кој е омилен кај навивачите на скопските Црвено-црни, пред два дена објави дека си заминува од ППД Загреб, од приватни причини, имал некои нерасчистени имотно-правни работи во родната Црна Гора и во српскиот град Шабац, каде има своја фирма.

Вујовиќ сега вели дека заминувањето од Загреб не било трик за да прејде во Вардар, но не ја исклучи можноста да стане тренер на скопјани, особено што на чело на клубот се врати неговиот голем пријател Михајло Михајловски.

„Тие гласини почнаа уште кога беше објавено дека Михајловски се враќа. Верувајте ми, заминувањето од Загреб не беше трик за да го преземам Вардар. Но, не ја исклучувам можноста да се случи тоа, откако ќе ги решам овие приватни проблеми“ – вели 59-годишниот Вујовиќ за црногорски медиум.

Вујовиќ остави неизбришлива трага во Вардар, кој го водеше во периодите од 2006 до 2010 и потоа повторно од 2011 до 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести