Веселин Вујовиќ нов селектор на Катар

Поранешниот тренер на Вардар, а кратко и македонски селектор, прославениот Веселин Вујовиќ, утре ќе биде промовиран во Доха како нов селектор на репрезентацијата на Катар.

Вујовиќ доаѓа на местото на Дарко Тавриќ, кој беше привремен селектор по заминувањето на Валеро Ривера на почетокот на годината. Шпанецот беше селектор на Катар речиси една деценија и го имаше еден од најголемите договори во светот на ракометот.

Вујовиќ во кариерата бил селектор и на Србија и Црна Гора, Македонија, Словенија и Иран. Катар во 2015 беше финалист на СП, но вложувањата сега се помали и репрезентацијата не е толку силна.

Катар ќе игра на СП 2025 година и е во група со Франција, Австрија и Кувајт. Првите три продолжуваат во главната фаза. Како селектор на Иран, Вујо ја мина групната фаза на СП 2023, па сега се надева на ист таков резултат.

- Оглас -

Најнови вести