Веселин Вујовиќ повторно се враќа во Вардар

Веселин Вујовиќ ќе биде новиот тренер на Вардар во сезоната 2021/22, тврди „Хендбал-планет“. Според пишувањето, Вујовиќ веќе ја договорил соработката за враќање меѓу црвено-црните. Досегашниот стратег на Вардар, Стефче Алушовски, сигурно си заминува од позицијата на крајот од сезоната, а сега е многу очигледно и кој ќе биде негов наследник.

Вујовиќ е миленик на навивачите на Вардар и по третпат ќе биде во улога на тренер кај двократниот европски првак. Првиот пат популарниот Вујо беше во Вардар од 2006 до 2009 година, а потоа се врати во 2011 година, кога остана две сезони.

- Оглас -

Најнови вести