Веспрем го освои Унгарскиот куп, Манасков даде два гола во финалето

Веспрем го освои Купот на Унгарија откако во финалето го совлада ПИК Сегед со 28-26. Македонското лево крило Дејан Манасков во победата придонесе со два гола и токму со толкава разлика беше изразена победата на Веспрем.

Веспрем во двете полувремиња даде по 14 гола и по 28-ми пат стигна до Купот. Најефикасни кај тимот кој го елиминираше Вардар 1961 од ЛШ беа Јахија со 6 реализации, Ненадиќ со 5 и Мораеш, кој исто така даде 5 гола.
- Оглас -

Најнови вести