Веспрем покажа дека не го заборавил поразот во Битола

Унгарски Веспрем убедливо го совлада Еурофарм Работник со 35-24 во меч од регионалната СЕХА-лига и со тоа фаворитот се реваншираше за поразот во Битола, кој им е и единствен досега сезонава во ова натпреварување.

Веспрем беше мотивиран, првото полувреме го доби со 17-10 и најави дека решил да победил убедливо против екипата од која неочекувано претрпе пораз во претходниот меѓусебен дуел. Второто полувреме беше само формалност, домашните на седумте гола од првиот дел додадоа речиси уште толку, па на убедлив начин освоија три бода. Битолчани последната победа во СЕХА ја имаа на 2 октомври, на тој меч со Веспрем.

Михаил Петровски со 4 гола беше најефикасен во македонскиот тим, Ојлески, Радовиќ, Јотиќ и Остроушко дадоа по три.

- Оглас -

Најнови вести