Вест хем игра слабо во Премиер лигата, но затоа си гази во Лигата на конференции

Екипата на Вест хем ја оствари третата победа во третото коло во Лигата на конференции, а последна жртва на Чеканите е Андерлехт, кој е совладан со 0:1.
Голот вреден три бода го постигна италијанскиот репрезентативец Скамака во 79-тата минута.

Резултатите што Вест хем ги остварува во Лигата на конференции се тотална спротивност на тие во Премиер лигата. Чеканите по осум кола се наоѓаат на 15-тата позиција на табелата, само со три бода повеќе од последнопласираниот Нотингам форест.

Минимален триумф на гости оствари и Ница против Словачко, додека косовскиот тим Балкани, кој во плејофот го елиминира македонскиот првак Шкупи, направи изненадување и со 3:4 славеше на гостувањето кај Сиварспор.

Данскиот Силкеборг пукна петарда против ФЦСБ (поранешна Стеауа), а убедлив на домашен терен беше и Молде, кој со 3:0 го совлада Шемрок, додека Пјуник со 2:0 славеше над Жалгирис.

Без победник завршија средбите меѓу Днипро – Вадуз (2:2) и Лех – Хапоел Бер Шева (0:0)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести