Вест хем нема да го спасува Фулам

Ѓорѓи Христов немаше ниту грам среќа при последното типување на натпреварите од Премиер лигата, а добитен тикет со над 100 коефициент не му мина само заради ефикасната игра на Манчестер сити против Челзи. По четири погодени натпревари, дербито на „Етихад“ го доби шампионот со 6-0, па прогнозата на поранешниот играч на Барнсли од 1&2-3 голови беше единствениот утнат меч на тикетот.

Сега е ред за ново коло во Премиер лигата, а Христов стандардно анализира пет натпревари со предлог-типови.

 

Вест хем – Фулам (петок, 20.45 часот)

И двете екипи не играат добро во последно време, но Фулам е во многу полоша ситуација. Очигледно е дека ниту доаѓањето на Клаудио Раниери не донесе подобри резултати, па Фулам заглави во зоната за испаѓање.

Гостите ќе мора да одиграат поофанзивно во лондонското дерби, мора да освојуваат бодови ако сакаат да направат чудо и да се спасат од преселба во понизок ранг.

Тоа ќе биде шанса за најсилниот адут на Вест хем, контранападите, а очекувам нивна победа бидејќи се поквалитетен тим од Фулам.

Предлог тип: 1 (2.02) Супер тип на Sport Life

 

Њукасл – Хадерсфилд (сабота, 16 часот)

Ова е голема шанса за Њукасл со победа против отпишаниот Хадерсфилд да освои бодови што можат да значат спас и опстанок во Премиер лигата.

Домаќините нема да ја испуштат шансата, иако ваквите мечеви со отпишани екипи понекогаш се и најтешки. Хадерсфилд има само една победа на 8 меѓусебни дуели со Њукасл во сите натпреварувања, грото од мечевите беа одлучени само со еден гол, а верувам дека овојпат Њукасл ќе биде подобар и ќе победи.

Предлог тип: 1(1.88)

 

Борнмут – Вулверхемптон (сабота, 16 часот)

Вулверхемптон има добра сезона зад себе и е во горниот дел од табелата, а со победа во првата половина од екипите во Англија може да им се приклучи и Борнмут.

Овде, според мене, најдобро е да се одигра на голови, а и традицијата со четири од петте меѓусебни дуели со гол-гол го потврдува тоа.

И Борнмут и Вулверхемптон имаат добри напаѓачи и капацитет барем по еднаш да ја затресат мрежата во меч за престиж.

Предлог тип: ГГ (1.85)

 

Лестер – Кристал палас (сабота, 18.30 часот)

Лестер имаше тежок распоред и влезе во кризен период со пет меча во Премиер лигата без победа, што е шанса за Кристал палас да ги освои бодовите.

Гостите се во подобра форма, имаа неколку исклучително добри фудбалски претстави и ќе типувам на изненадување и на двојка на „Кинг Пауер“ во Лестер.

Предлог тип: 2 (3.35)

 

Манчестер јунајтед – Ливерпул (недела, 15.05 часот)

Гостувањето на „Олд Трафорд“ доаѓа во најнезгоден момент за Ливерпул. Ова е битка на англиски гиганти на која тешко може да се предвиди исходот, а предност му давам на домаќинот.

Ливерпул влезе во брз фудбалски ритам, игра и во Лигата на шампионите, па тешко е константно да се одржува формата на високо ниво. Ги стигнаа и повреди и замор, а Манчестер јунајтед е физички силна екипа и може да им направи проблем.

Ривалитетот е огромен, постојано се пребројуваат титулите на двете најтрофејни екипи и играчите на Манчестер јунајтед ќе дадат и повеќе од сто проценти само да го сопрат походот на Ливерпул кон 19-та титула во Премиер лигата.

Гостите сè уште се во добра позиција да бидат шампиони, но овде ќе типувам триумф на домашната екипа.

Предлог тип: 1&2-3 (5.75) 

 

 

- Оглас -

Најнови вести