Вест Хем полека се простува од ЛШ, може да остане и без Европа

Брајтон и Вест Хем ремизираа 1-1 во меч од Премиерлигата на кој головите паднаа во 84-та и 87-ма минута. Брајтон треба да освои уште четири бода во последните две кола за да постави клупски рекорд по број на освоени бодови во една сезона во Премиерлигата, а Вест Хем веќе ги губи шансите (им треба чудо и да надомести пет бода негатива во две кола) за пласман во Лигата на шампионите, додека загрозена му е и Лига Европа.

Бенрама го даде својот прв гол за Вест Хем и го спаси својот тим од нов пораз, откако Велбек погоди за водство на Брајтон кој е мајстор да не победува во мечеви на кои водел.

Вест Хем има три порази и по една победа во последните пет кола, а продолжи нивниот лош учинок во саботите. Сезонава Чеканите добија само два меча од 12-те кои ги играа во саботите. Вест Хем последен пат играше во еврокуповите во 2016/2017.

- Оглас -

Најнови вести