Вестбрук го „разнесе“ Дончиќ, Словенецот се налути, а на крајот завршија прегрнати (Видео)

Лос Анџелес лејкерс и Далас маверикс го одиграа највозбудливиот меч во НБА утрово, а на крајот се радуваа гостите и тоа дури по две одиграни продолженија.

Лука Дончиќ беше херој на гостите постигнувајќи трипл-дабл. Играчите на Лејкерс не бираа средства како да се обидат да го сопрат Словенецот, па така во еден момент од Расел Вестбрук со рамо го оттурна противникот. Вестбрук падна, а Дончиќ заврши надвор од теренот, па Словенецот се налути.

Тргна кон Вестбрук, но брзо реагираа останатите кошаркари и не дозволија да ескалира инцидентот. Двете НБА-ѕвезди сфатија дека погрешиле и брзо ги смирија страстите, па си подадоа рака, а по завршување на мечот, пријателски се прегрнаа, а Вестбрук му ја честиташе победата на Дончиќ.

- Оглас -

Најнови вести