Вестбрук му одржа лекција на Дончиќ

За само 24 часа откако Оклахома загуби на гостувањето кај Далас со 105:103, следуваше реванш. Овојпат Оклахома играше на свој терен и убедливо победи со 122:109. За разлика од пред само еден ден, кога Оклахома пропушти шест поени преднсот во последните неколку минути, сега немаше драматичен финиш, а за тоа се погрижи Расел Вестбрук.

Најдобриот играч на домаќините беше незадржлив и заврши со трипл-дабл. На крајот имаше 32 поени и по 11 скока и асистенции. На спротивната страна, дебитантот Лука Дончиќ заврши со 17 поени, но беше немоќен да го однесе Далас до нова победа.

На новогодишната ноќ трипл-дабл имаше и Џејмс Харден. „Брадата“ игра одлично, а кога е тој незадржлив, Хјустон најчесто победува. Овојпат „ракетите“ славеа против Мемфис со 113:101, а Харден на крајот имаше 42 поени, 10 скока и 13 асистенции.

Интересное е што од седумте мечеви кои се одиграа ноќеска, единствено победа на гости забележа шампионот Голден Стејт. „Воините“ убедливо со 132:109 победија кај Фенкс санс. Стеф Кари беше расположен за поени и на крајот постигна 34, а добар беше и Кевин Дјурант со 25 поени.

Резултати: Индијана – Атланта 116:108, Шарлот – Орландо 125:100, Хјустон – Мемфис 113:101, Сан Антонио – Бостон 120:111, Њу Орлеанс – Минесота 123:114, Оклахома – Далас 122:109, Феникс – Голден Стејт 109:132.

- Оглас -

Најнови вести