Вестбрук со тројка на 4 стотинки до крај ги спаси Лејкерс од пораз, Кралот Џејмс е на 20 поени од легендарниот Карл Мелоун (Видео)

Торонто репторс прокоцкаа чиста победа против Лос Анџелес лејкерс во регуларниот дел од мечот кога имаа предност од 116:113 и последен напад, па потоа загубија во продолженија со 123:128.

Драмата кулминираше со украдена топка на Езерџиите и тројка на Расел Вестбрук на четири стотинки до крајот на регуларниот дел за израмнување.

Вестбрук го заврши мечот со трипл-дабл од 22 поени и по 10 скока и асистенции, а прв стрелец беше Леброн Џејмс со 36 поени и притоа и 9 скока и 7 асистенции.

Кралот на кошарката сега е на само 20 поени разлика од легендарниот Карл Мелоун на вечната листа со играчи што постигнале најмногу поени во историјата на НБА лигата.

https://twitter.com/NBA/status/1505054026227982343?s=20&t=fliOg7-xkZtFwoFHv7rgVA

Драматично беше и во Кливленд, каде Кавлирс анулираа негатива од двоцифрен број на поени, се изборија за продолженија, 107:107 и на крајот го победија Денвер со 119:116.

Марканен со 31 поен беше лидер на Кливленд, Мобли постигна 27 поени, а најефикасен на мечот беше гостинскиот кошаркар, Никола Јокиќ со 32 поени, а имаше и 10 скока и 8 асистенции.

Останати резултати: Филаделфија – Далас 111:101, Атланта – Мемфис 120:105, Бруклин – Портланд 128:123, Њујорк – Вашингтон 100:97, Хјустон – Индијана 118:121, Мајами – Оклахома 120:108, Сан Антонио – Њу Орлеанс 91:124, Јута – Л.А. Клиперс 121:92, Феникс – Чикаго 129:102, Сакраменто – Бостон 97:126.

 

- Оглас -

Најнови вести