Вестерман се разигра, Жалгирис ја победи Дарушафака

Дарушафака немаше решение за разиграниот француски репрезентативец Лео Вестерман во финишот на мечот со Жалгирис и го претрпе 12-тиот пораз на 13 меча во Евролигата.

Вестерман се разигра во финишот на мечот во Истанбул, кога се одлучуваше победникот и со пет поени по ред, последни на дуелот, им донесе победа од 75:71 на гостите од Каунас.

Дарушафака имаше предност во поголемиот дел од регуларните 40 минути, но немаше рецепт како да го сопре Лео. Тој најпрвин постигна тројка на 26 секунди до крајот за пресврт и предност на Жалгирис од 73:71, а потоа погоди и две слободни фрлања за конечен резултат од 75:71 за гостинскиот тим.

Жалгирис сега има скор 6-7 и се доближи до топ 8 позициите кои гарантираат настап во завршницата во битката за титулата во Евролигата.

Брендон Дејвис со 17 поени беше најефикасен кај Жалгирис, пред Вестерман со 12 поени. Кај Дарушафака се истакна Реј Мекалум со 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести