Удинезе се наоѓа во пол-позиција за да го ангажира искусниот белгиски играч од средниот ред Аксел Витсел, кој моментално е слободен агент по разделбата со Атлетико Мадрид. Договорот на 36-годишниот фудбалер со шпанскиот клуб истече во јуни и не беше обновен.
Удинезе е најблиску до постигнување договор со Витсел. Белгиецот сака да игра редовно на високо ниво за да остане во конкуренција за настап со националниот тим на Белгија на Светското првенство во 2026 година.
Италијанскиот клуб, пак, бара дополнителна стабилност и квалитет во средниот ред, особено по најавите дека Флориjан Товaн е пред заминување во Лeнс.
Интересен е фактот што Витсел веќе еднаш беше блиску до преселба во Серија А, во 2016 година беше на чекор до трансфер во Јувентус, но зделката пропадна во последен момент поради недоговорените детали меѓу клубовите.