Вијали: Јас Златната топка би му ја дал на Папу Гомес

Џанлука Вијали, некогашниот италијански репрезентативец и ѕвезда на Сампдорија, Јувентус и Челзи, изјави дека многу сака да гледа како игра Аталанта, а за капитенот на тој тим, Аргентинецот Алехандро Папу Гомес рече дека е меѓу најдобрите фудбалери во Европа и нему би му ја дал Златната топка за играч на годината.

„Ги сакам како тим, да бев активен фудбалер, би сакал да играм за оваа Аталанта. Забавни се, даваат многу голови, имаат прекрасен стил на игра. Ми се допаѓа нивниот дух, авантуристички и храбар тим се. Папу Гомес напредуваше низ годините, стана комлетен играч и знае да го диктира темпото на мечот. Тука се Меси, Кристијано, Нејмар, Левандовски и тоа е во ред, но јас би го наградил Папу со Златна топка, иако покрај овие ѕвезди тоа е тешко“, вели Вијали.

Папу Гомес во минатата сезона имаше 7 гола и 14 асистенции на 36 меча за Бергамаските.

- Оглас -

Најнови вести