Видарсон: По натпреварот може да пиеме пиво, ама претходно ќе се обидеме да ви ја саботираме прославата

Селекторот на исландската фудбалска репрезентација, Арнар Видарсон имаше свое излегување во јавноста пред утрешниот натпревар против Македонија.

Тој, во добро располчожение се шегуваше со новинарите и најави дека по натпреварот може со било кој да пие пиво.

„По натпреварот може со било кој да одам да пијам пиво, но претходно ќе се обидеме да ви ја саботираме прославата.

Импресионирани сме од играта на Македонија по ЕП, но ние сме професионалци и ќе се обидеме да одиграме на врвно ниво.

Мотивација не ни треба бидејќи сме професионалци и подготвени сме да одиме на три бода.

„Јас знам само за пријатели, а не за непријатели, а за мечот од пред неколку недели нема да промениме многу.

Ќе биде израмнет натпревар и сè може да се случи“ изјави селекторот на Исланд.

- Оглас -

Најнови вести